ВИДЕО: Андонова стрелаше, но Леванте елиминиран во четвртфиналето од Купот на Шпанија

Македонската репрезентативка, Наташа Андонова не успеа да му помогне на својот Леванте да се пласира во полуфиналето од Купот на Шпанија и покрај тоа што одигра одличен меч за тимот од Валенсија.

Андонова погоди за својот тим уште во 7. минута од четвртфиналната пресметка против Реал Сосиедад за водство од 1-0, но противничките до крајот на мечот успеаја да постигнат два гола за целосен пресврт на натпреварот.

Франси во 57 минута донесе 1-1 за Реал Сосиедад, а Ванегас во 70. минута постигна гол и за 1-2 и пласманна Реал Сосиедад во полуфиналето.

Претходно пласман во наредната фаза обезбедија Барселона и Атлетик Билбао, а во последната четвртфинална пресметка вечерва играат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Се вчитува...