ВИДЕО: Андонова стрелец во големата победа на Леванте над Атлетико Мадрид

Македонската репрезентативка Наташа Андонова ја запечати големата победа на Леванте над Атлетико Мадрид од 2-1 во дербито во најсилниот шпански шампионат.

Андонова го постигна вториот гол на Леванте, со кој го зголеми водството на 2-0 во 68. минута од средбата. Гостинките потоа во самиот финиш успеаја единствено да го ублажат поразот.

Македонската фудбалери го постигна својот прв гол сезонава во шампионатот. По овој триумф Леванте со 9 бода, три победи од исто толку натпревари на стартот од сезоната, е на врвот од табелата заедно со Барселона.

Се вчитува...