Се спушти завесата во Првата лига оваа сезона. Со две откажувања на Воска Спорт и на Гостивар кои испаднаа од лигата, а Беса преку бараж ќе се обиде да обезбеди нов прволигашки статус. Македонија ЃП се враќа во ПМФЛ, а вториот учесник ќе биде познат после колото утре, како и тимот кој ќе игра бараж против Беса.
Тимот на Беса и покрај тоа што победи во Битола и тоа убедливо, сепак, не успеа да обезбеди директен опстанок. Победи и АП Брера на домашен терен против Работнички, па така струмичкиот тим на крајот успеа да го обезбеди директниот опстанок.
АП Брера успеа да триумфира 3-2. Работнички се покажа како жилав противник, но и одигра со комбиниран тим, со оглед дека веќе го има обезбедено третото место. Брзо АП Брера поведе со 2-0, па Работнички врати со прекрасен гол. Потоа домашните со гол од пенал стигнаа до 3-1, а уште еден прекрасен гол на Работнички за намалување на 3-2.
Беса, пак, немаше некои посериозни проблеми против Пелистер. Брзо гостите поведоа со 0-2 со головите на Алими и Селмани, а потоа и Љамалари донесе 0-3 на стартот од вториот дел. Тарасенко намали во 63. минута, а потоа Али одново ја однесе Беса на +3.
Силекс успеа да триумфира над Шкендија во Тетово со 1-3, и да го „расипе“ шампионското славје за тетовскиот тим. Херој на гостите е Марко Ѓорѓиевски кој постигна два гола во првиот дел, а во вториот дел Шкендија преку Адеми само намали, а Тимовски да го постигне конечниот резултат.
Интересен и возбудлив меч одиграа Тиквеш и Струга ТЛ кој заврши на крај 3-3. Тиквеш водеше два пати со 1-0 и 2-1, па Струга ТЛ до полувреме направи пресврт и поведе со 2-3. На крајот Тиквеш успеа да извлече бод.
ПМФЛ, 33. КОЛО
РЕЗУЛТАТИ
АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 3-2
(Ндзенгуе 15′, Велков 28′, Ѓорѓиевски (п) 58′ – Лазаревиќ 32′, Николовски 82′)
ПЕЛИСТЕР – БЕСА 1-4
(Тарасенко 63′ – Алими 14′, Селмани 26′, Љамалари 49′, Али 68′)
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1-3
(Адеми 68′ – Ѓорѓиевски 35′, 39′ (п), Тимовски 90′)
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 3-3
(Стојанов 10′, Миловановиќ 22′, Стојкоски 88′ – Компаоре 13′, Малески 31′, 42′)
ВИДЕА ОД ГОЛОВИТЕ ВО 33. КОЛО
ПЕЛИСТЕР – БЕСА
АП БРЕРА – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА