ВИДЕО: Ашковски со два гола донесе реми за Ботошани

Македонскиот интернационалец Стефан Ашковски одигра одлична партија за Ботошани, постигнувајќи два гола во ремито на својот тим на гостувањето против Виторул Констанца во 5. коло од шампионатот на Романија.

Ашковски е најзаслужен за ремито на својот тим најпрво погодувајќи во 27. минута од мечот за 1-1, а потоа да погоди и во 81. минута поставувајќи ги конечните 2-2.

Ботошани е без пораз по пет кола, во моментов на четврто место на табелата.

Се вчитува...