ВИДЕО: Австријците експресно до водство – Алаба уште во 8. минута за 1-0

Не издржа долго одбраната на македонската репрезентација на „Ернст Хапел“ во Виена. Уште во 8. минута од натпреварот Австрија дојде до предност со голот на Давид Алаба кој доби убава топка осамен пред голот на Димитриевски па лесно стрелаше за водство од 1-0…

 

Дополнителен проблем за Македонија е повредата и на Александар Трајковски кој мораше да ја напушти играта во 13. минута. На негово место во игра влезе офанзивецот на француски Ним, Влатко Стојановски за кого ова ќе биде деби настап во македонскиот дрес.

Се вчитува...