ВИДЕО: Бабунски донесе победа за Ботев Враца, Етеми стрелаше за Истанбулспор

Двајцата македонски репрезентативци Доријан Бабунски и Валон Етеми, денеска беа стрелци за своите тимови во натпреварите од бугарскиот, односно од турскиот шампионат.

Бабунски постигна гол со кој донесе победа за Ботев Враца во дуелот со Берое од 1:0. Бабунски погоди во 42. минута откако со глава стрелаше во противничката мрежа.

Тоа беше осми погодок на Бабунски во бугарскиот шампионат.

Валон Етеми, пак, стрелаше за Истанбулспор во поразот од Ерзурум со 3:1. Етеми во 10. минута донесе предност за својот тим со прекрасен гол со лоб-удар од 25 метри, но Ерзурум направи пресврт и на крај ги однесе бодовите. За Етеми ова беше втор гол во овогидинешниот шампионат во турската втора лига.

Се вчитува...