Шкупи стигна до првата пролетна победа убедливо со 3-0 славејќи против Победа во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Присутните на стадионот во Чаир беа сведоци на три извонредни погодоци. Муарем Бајрами во 37. минута го постигна голот на колото директно погодувајќи од слободен удар. На 2-0 зголеми Виктор Ангелов во 52. минута велемајсторски лобувајќи го противничкиот голман, а Бразилецот Серџо Жуниор во 72. минута ги постави конечните 3-0 по еден брз контранапад…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА