ВИДЕО: „Балистите“ со пиротехнички средства го повредија Бејтулаи при прослава на гол на Шкендија

Шкендија успеа да дојде до триумф против Пелистер со 2-1 во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци со пресврт успеаја да дојдат до победата, откако Пелистер поведе во првото полувреме со прекрасниот гол на Јуфо. Потоа во 48. минута израмни Гури, а во 84. минута Јан Кривак постигна погодок за 2-1.

Но, при прославата на голот на Кривак, „Балистите“ испратија серијал пиротехника на теренот на Градскиот стадион во Тетово при што беше повреден капитенот на Шкендија, Егзон Бејтулаи… По неколкуминутна интервенција на лекарите на тетовци, Бејтуали го продолжи потоа натпреварот.

Се вчитува...