ВИДЕО: Барди асистираше во ремито на Трабзонспор

Македонскиот репрезентативец Енис Бард по подолго време доби доверба од тренерот на Трабзонспор стартувајќи го натпреварот на гостувањето против Анталијаспор во турскиот шампионат, и веднаш одговори со асистенција.

Дуелот заврши со победелба на бодовите (1-1) а Барди асистираше за водство на Трабзонспор.

Македонскиот фудбалер го одигра целиот натпревар а во 2. минута одлично го проигра Фунтас за водство од 0-1 на гостите.

Анталијаспор израмни за конечни 1-1 во 68. минута со голот на Јехезкел.

Се вчитува...