Видео: Барди е џокерот на Леванте – влезе во игра и асистираше за победа

Леванте врза две победи во серија во „Ла Лига“ по денешниот триумф над Валјадолид од 2-0, за кој меѓу најзаслужните дефинитивно е Енис Барди.

Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 77. минута на местото на Борха Мајорал, а само пет минути подоцна учествуваше во акцијата при победничкиот гол за Леванте. Барди одлично се снајде по левата страна и нафрли кон шеснаесетникот, топката со малку среќа стигна до Леон, кој ја смести во мрежата на гостинскиот состав.

Конечните 2-0 беа поставени во судиското продолжение, во акција во која Барди извонредно додаде кон шеснаесетникот, за Моралес од втор обид да го совлада голманот Валјадолид.

Се вчитува...