ВИДЕО: Барсегјан ги реши „лавовите“

Вардар стигна до втората победа во новиот шампионат, совладувајќи ја Македонија ЃП на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше ерменскиот интернационалец Тигран Барсегјан од пенал во 41.минута од натпреварот. Претходно, Матеј Цветановски се избори за најстрога казна, откако беше соборен во шеснаесетникот од гостинскиот голман Марко Јовановски.

Се вчитува...