ВИДЕО: Барсегјан го замолче „Шукру Сарачоглу“: Но дирекот го спаси Фенербахче!

Вардар можеше да го осигура патот до групите од Лигата на Европа уште во првото полувреме од реванш дуелот со Фенербахче во Истанбул, доколку дирекот не го спасеше турскиот тим во 42. минута.

Македонскиот шампион во секој случај има извонредни 0-0 по првите 45 минути, но и покрај теренската доминација на домашните Вардар беше тој кој беше поблиску до водство.

Во 42. минута во одлична можност се најде Барсегјан, извонредно реагираше но дирекот го спаси голот на Фенербахче, а потоа во вториот обид и Камени интервенираше…

Се вчитува...