ВИДЕО: Беласица и преку „лавови“ само да дојде до опстанокот…

Струмичка Беласица ја продолжува активно битката за опстанок во прволигашката конкуренција по победата од 3-1 во 32. коло против Македонија ЃП.

Домашните триумфот го најавија во 35. минута со голот на Душан Савиќ…

„Лавовите“ израмнија во 56. минута со голот на капитенот Боби Божиновски.

Но, во 72. минута со гол од пенал Савиќ повторно донесе предност за струмичани.

Конечните 3-1 ги постави Мирчевски со голот во 84. минута…

Се вчитува...