ВИДЕО: Битолска „романтика“ за Работнички, Победа на колена

Работнички ја совлада Победа со 0-2 под „Тумбе кафе“ во Битола и по неуспешниот старт нанижа втор последователен триумф. „Романтичарите“ беа подобар противник на денешниот меч, а поведоа уште во петтата минута. Во тоа им помогна Тимовски, кој играше со рака во шеснаесетникот, а пеналот во гол го претвори Остоја Стјепановиќ.

Во 60.минута, Петар Петковски им побегна на своите чувари, излезе сам пред Тофилоски и го совлада за конечни 0-2.

Се вчитува...