ВИДЕО: „Бомба“ на Ибраими од 30 метри: Шкендија води против Вардар…

Шкендија води со 0-1 на „Телеком арена“ во Скопје по првите 30 минути против Вардар во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Македонија.

Тетовци, за разлика од пред три дена, овој пат играат далеку подобро против Вардар во Скопје, сосема заслужено стигнувајќи во 26. минута до водство преку феноменалниот погодок на Бесарт Ибраими со шут директно од слободен удар од околу 30 метри, по кој младинскиот репрезентативец на голот на Вардар, Игор Алексовски беше немоќен…

Се вчитува...