ВИДЕО: „Бомбата“ на Усеини, заедно со голот на Божиновски, го одбележаа колото

Ренова сосема заслужено славеше со 3-2 против Беласица во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Гипсарите“ триумфот го најавија со двата брзи погодоци на Бојан Миовски во 8. минута и Емран Рамадани во 21. минута… Беласица намали на 2-1 во 31. минута со голот на Мартин Мирчевски… Но, победата на Ренова дефинитивно ја одбележа извонредниот гол на Мухамед Усеини директно од слободен удар во 75. минута. Гостите со голот на Душан Савиќ во 90. минута само го ублажија поразот.

Головите од натпреварот во Тетово може да ги погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...