ВИДЕО: Борко е „Министер за напад“ – Не само што брани туку и стрелец на три гола!

Извонредно полувреме на репрезентативниот голман Борко Ристовски на голот на Вардар на дуелот против Порто во Лигата на шампионите.

Ристовски во првото полувреме, не само што запиша десет одбрани, туку имаше и три погодоци од гол на гол за одржување на Вардар во живот… Првиот во 20. минута за намалување на предноста на гостите…

Во 26. минута Борко Ристовски постигна уште еден погодок од гол на гол за 11-11 на три минути пред полувремето, а пред крајот на првиот дел и со уште еден идентичен гол за 12-12.

Се вчитува...