Видео: Бранеше и со глава – Теа е хрватската хероина

Голманката Теа Пијевиќ брани во неверојатна форма цело еворпско првенство, а серијата добри настапи ја продолжи и на денешниот клучен натпревар против Германија.

Токму Пијевиќ со 16 интервенции беше најзаслужна за триумфот со кој Хрватска обезбеди прво историско полуфинале на еден европски шампионат, а ЕХФ веднш по мечот објави видео-компилација од настапот на извонредната голманка.

Пијевиќ бранеше и со раце и со нозе, а во една ситуација дури и со глава ја запре топката да не заврши во нејзината мрежа.

Се вчитува...