ВИДЕО: Бразилците го носат Пелистер до победите!

Пелистер стигна до победа на гостувањето против Македонија ЃП во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига со пресврт, откако домашните уште во 6. минута поведоа со погодокот на Ваљмир Јонузи.

Но, потоа Бразилците го однесоа битолскиот прволигаш до посакуваните три бода. Најпрво Лукас израмни во 15. минута…

Победата ја донесе Фернандо со погодокот во 47. минута…

Пелистер во 21 коло е на третата позиција на табелата со 36 бода, пет помалку од второпласираната Шкендија и 11 помалку од водечкиот Вардар.

Се вчитува...