ВИДЕО: Брегалница и со играч помалку го шокираше Пелистер…

И покрај тоа што игра со фудбалер помалку, по исклучувањето на Матија Кобетиќ уште од 3. минута, Брегалница не се откажува од бодовите на дуелот со фаворитот Пелистер во Охрид.

Штипјани успеаја да го израмнат резултатот на 1-1 со голот на Далчески во 58. минута од средбата…

Претходно, како што е познато, Пелистер дојде до водство со голот на Баже Илијоски во 6. минута, по индиректниот удар, но од тогаш битолчани ништо не направија за да ја зголемат предноста.

Се вчитува...