ВИДЕО: Бруталниот старт на Жуниор кој донесе до раб на инцидент во Автокоманда

Шкендија сосема заслужено славеше со 1-2 на гостувањето против Скопје во Автокоманда… Но, покрај трите прекрасни погодоци, дуелот го одбележа и нималку нежниот старт на бразилскиот интернационалец од редовите на Шкендија, Жуниор кој донесе до раб на инцидент меѓу двете екипи…

Жуниор несмасно стартуваше во 69. минута, на начин кој можеше да доведе и до посериозна повреда на домашниот фудбалер… Сето тоа пред клупата на Скопје од каде експлозивно реагираа. Но, набрзо мешаницата ја смирија двајцата тренери Марковски и Османи, како и капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани кои присебно, спортски, реагираа да не дојде до потежок инцидент…

Се вчитува...