ВИДЕО: Четири гола среде Скопје – Силекс со најголема победа во историјата против Вардар

По повеќе од две години, по триумфот во март 2018 година, Силекс успеа да стигне до гостинска победа против Вардар. Во 3. коло од ПМФЛ, Силекс триумфираше убедливо со 0-4 на тој начин запишувајќи ја најголемата своја победа во историјата против најтрофејниот македонски клуб.

Претходно, највисоката победа на кратовци против „црвено-црните“ беше на 5. ноември 2003 година кога Силекс со 0-3 славеше на гостувањето против Вардар.

Сега, победата ја најавија уште во 3. минута со погодокот на српскиот интернационалец Срѓан Драшковиќ…

Во 52. минута од непосредна близина погоди Иван Ивановски за 0-2…

Во 64. минута засилувањето Пепи Ѓорѓиев зголеми на 0-3…

Конечните 0-4 ги постави Бојан Спиркоски во 88. минута.

Се вчитува...