ВИДЕО: Да се посмееме… Головите за победа на Беласица против Шкендија!

Беласица дојде до посакуваната победа (2-1) против Шкендија во 30. коло од ПМФЛ со која ја продолжува битката за опстанок во прволигашката конкуренција.

Уште во 5. минута од средбата струмичани дојдоа до водство со голот на Пепи Георгиев…

Во второто полувреме, репрезентативецот Егзон Бејтулаи во 64. минута си постигна повеќе од смешен автогол лобувајќи го младиот голман Реџепи од 25 метри…


Во 70. минута Шефити постигна само почесен погодок за Шкендија во мечот во кој тетовци играа без десет стандардни првотимци.

Се вчитува...