ВИДЕО: Давид Тошевски го запиша својот прв гол за белгиски Дендер!

Македонскиот репрезентативец Давид Тошевски го запиша својот прв гол во дресот на белгискиот Дендер.

Тошевски стрелаше во 12.коло од елитната лига на Белгија, уште во 3. минута носејќи водство за својот Дендер од 0-1 на гости кај Вестерло.

На крајот натпреварот заврши без победник (1-1), откако Вестерло во 65.минута успеа да израмни.

Тошевски играше 70 минути на натпреварот како стартер.

Се вчитува...