Видео: Де Лихт пристигна во Торино на потпис со Јуве

Навивачите на Јувентус имаат причина за славје откако нивниот клуб успешно ги финишираше преговорите за ангажман на Матијс де Лихт.

Дека трансферот е завршена работа доказ е и вечерашното пристигнување на Де Лихт во Торино, каде младиот Холанѓанец на самиот аеродром беше пречекан од бројни новинари, но и навивачи на „старата дама“. Екс-капитенот на Ајакс во текот на утрешниот ден ќе ги мине лекарските прегледи, по што и официјално ќе потпиша договор со Јуве и ќе му се стави на располагање на тренерот Маурицио Сари.

 

 

Се вчитува...