Повремениот македонски репрезентативец Доријан Бабунски, го постигна својот прв гол во дресот на Ниреѓихаза. Тој синоќа стрелаше во натпреварот против Ујпешт, кој заврши без победник 2-2.
Бабунски во 12. минута донесе предност за гостинскиот тим од 0-1. Нафрелна топка од десната страна, и македонскиот интернационалец со глава погоди во мрежата на домашните. Потоа се случи и пресврт, а во 42. минута гостите го израмнија резултатот. Во вториот дел немаше голови, а Бабунски играше до 86. минута од средбата, кога беше заменет.
Ниреѓихаза го освои шестиот бод во осум натпревари и се наоѓа на 10. место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

