Видео: Девет години по Пандев – Интер конечно ја освои Германија

Интер успеа да триумфира на гостувањето против Борусија Менхенгладбах со 2-3, задржувајќи си ги шансите за пласман во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Со овој резултат „нероаѕурите“ конечно ја прекинаа и серијата слаби резултати на гостувањата во Германија, со оглед на фактот дека Интер немаше триумф во оваа земја во последните девет и пол години.

Последната радост на овој тим е од март 2011 година, кога на „Алијанц Арена“ славеа над Баерн со 2-3, и тоа со голот за победа што во самиот финиш го постигна Горан Пандев.

Да се потсетиме на големата мајсторија на Македонецот на дуелот со баварскиот гигант.

Се вчитува...