ВИДЕО: Кировски и Да Силва ја посрамотија Беласица среде Струмица

Поранешниот македонски репрезентативец Христијан Џери Кировски е најзаслужниот за извонредната победа на Македонија ЃП од 1-4 на гостувањето против Беласица во Струмица во 14. коло од ПМФЛ.

Кировски постигна два гола во триумфот на „лавовите“ кој беше најавен со погодокот на Бразилецот Робсон Да Силва уште во 13. минута.

Милушев израмни во 19. минута, за да потоа на сцена стапи Кировски кој со два гола во 34. и 70. минута, за да во 90. минута Бојан Миовски заокружи на 1-4….

Се вчитува...