ВИДЕО: Димитар Иванов, победнички „џокер“ за кратовци

Силекс во третото коло ја оствари првата победа во новата сезона. Во Кратово дојде Ренова и си заминува со пораз од 1-0. Најзаслужен за тоа е Димитар Иванов, фудбалерот кој доби шанса од тренерот Жикица Тасевски во вториот дел и ја искористи на најдобар можен начин. Тој во 86.минута го пронајде патот до мрежата на Ренова, за важни три бода за Силекс и прв триумф во три одиграни меча.

Се вчитува...