ВИДЕО: Димов го продолжи максималниот ефект на „пандевци“

Академија Пандев го задржа врвот на табелата во Првата лига и по третото коло. Тимот на Југослав Тренчовски има максимални девет бода, откако денеска во Турново го совлада Шкупи со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше дефанзивецот Диме Димов во 21.минута.

Тој скокна највисоко по корнерот од десната страна и со удар со глава ја затресе мрежата на чаирчани.

Се вчитува...