ВИДЕО: Драмата во „Јане Сандански“ низ 100 секунди…

Вардар буквално во последната секунда испушти и втор триумф во Лигата на шампионите, ремизирајќи (25-25) со Порто во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Вистинска драма се случуваше во последните 90 секунди на натпреварот. При 24-24 , Борко Ристовски уште еднаш блесна со нова успешна интервенција, овозможувајќи напад за предност на „вардарци“ кој успешно го искористи Чупиќ со својот шести гол погоди за водство од 25-24. И кога се чинеше дека ќе се стигне до триумфот, Порто од речиси загубена ситуација успеа во последната секунда да дојде до погодок за реми…

Се вчитува...