ВИДЕО: Два ефектни гола на Дориев за победа на Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев игра одлично во првенството на Узбекистан на стартот од сезоната, по девет кола веќе запишувајќи седум гола зад своето име во дресот на Согдиана.

Дориев во денешното 9. коло од убекистанскиот шампионат партиципираше со два гола во убедливата победа на Согдиана од 4-0 против Бунјодкор.

Македонскиот напаѓач постигна два ефектни гола во првото полувреме за водство од 2-0 на својот тим. Најпрво погоди во 11. минута, а потоа со волеј удар мајсторски погоди и во 39. минута за 2-0.

Во моментов Дориев со седум гола е втор на листата на најдобрите стрелци во Узбекистан.

* Погодоците на Дориев може да ги погледнете на временските исечоци 2:00…. и 3:55…

Се вчитува...