ВИДЕО: Две контри од учебници – само Победа го има „лекот“ за Шкендија!

Во 38 едноподруго натпревари на домашната фудбалска сцена од октомври 2017 година па до денеска, сметајќи ги првенствените натпревари и дуелите од Купот на Македонија, тетовска Шкендија има само два порази… И тоа двата од прилепска Победа. Еден од 29. април од минатата сезона кога загуби со 2-1, и овој денешниот, прв оваа сезона за тетовци, со 2-0 во 7. коло од ПМФЛ.

Денеска во Тетово, Победа славеше благодарение на двата извонредни контранапади во второто полувреме. Најпрво во 61. минута погоди Кириан Набуезе…. А, потоа во 87. минута триумфот од 0-2 го запечати Танушев со мајсторски погодок…

Се вчитува...