ВИДЕО: Еден е Бесарт – Феноменален лоб на Ибраими во 92. минута за триумф во Кратово!

Шкендија стигна до значајна победа од 1-2 на гостувањето против Силекс во Кратово во 6. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци до предност дојдоа со голот на Бесмир Бојку уште во 15. минута од средбата. Откако гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Селмани во 75. минута, во 82. минута Силекс дојде до израмнување со прекрасниот гол на Грозданоски.

Но, во втората минута од судиското продолжение кој друг ако не Бесарт Ибраими. Со феноменален лоб удар го изненади домашниот голман и донесе победа за Шкендија….

Се вчитува...