ВИДЕО: Еден пенал – три бода за Работнички, и нов пораз на Пелистер

Работнички конечно успеа да дојде до победа во Првата лига. Заслужено стигнаа „романтичарите“ до трите бода против Пелистер благодарение на голот од пенал на Фахрудин Ѓурѓевиќ во последната минута од првото полувреме.

Иако, во вториот дел тимот на Ратко Достаниќ имаше уште серија шанси и за поубедлива победа. Пелистер, пак, продолжува со поразите, во очекување на очигледно што побрзо завршување на есенскиот дел од првенството.

Се вчитува...