ВИДЕО: Ефектен гол со глава на Муслиу, втор за него сезонава за Падерборн

Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу го постигна својот втор гол сезонава во дресот на Падерборн во Втората Бундеслига.

Падерборн имаше предност и од 1-0 и 2-1 на дуелот, но дозволи Херта во самата завршница со два погодоци да дојде до победа од 2-3.

Муслиу во 59. минута од средбата постигна ефектен гол со глава за водство во тие моменти од 2-1 на Падерборн.

Падерборн нема победа веќе пет натпревари, врза три порази во низа и е на 9. место на табелата со 39 бода.

Се вчитува...