ВИДЕО: Елмас и Чурлинов со мајсторска комбинација не дозволија Белгија да води на полувреме

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години има 1-1 по првото полувреме против Белгија во вториот натпревар од квалификациите за ЕП.

Белгијците дојдоа до предност со голот Фулон уште во 10. минута, но Чурлинов и Елмас не дозволија Белгијците со предност да заминат на полувреме. Во 24. минута Елмас одлично го искористи центаршутот на Чурлинов за израмнување на 1-1…

Избраниците на Вујадин Станојковиќ во 33. минута постигнаа уште еден гол на кој стрелец беше Димитар Митревски, но беше поништен поради наводен офсајд. Иако, крајно сомнителна одлука на судиската тројка.

Македонија на денешниот дуел против Белгија игра во следниот состав: Стевковски, Тодороски, Антовски, Тодоров, Руфати, Трајановски, Чурлинов, Атанасов, Елмас, Митровски и Ферукоски.

Се вчитува...