ВИДЕО: Естонците водат…, Трајковски промаши пенал

Репрезентацијата на Естонија прави целосен пресврт на натпреварот од 3. коло во Ц лигата од УЕФА Лигата на нациите во Талин.

По почетното водство на Македонија од 0-1, Естонците доаѓаат до предност од 2-1 во 61. минута со вториот гол на Сапинен на натпреварот. По неколкуте обиди во мешаницата пред голот на Македонија, и првичната одбрана на Шишковски, одбиената топка доаѓа до Сапинен кој непречен од никого реализира за водство на домаќините…

 

Македонската селекција брзо имаше можност да дојде до израмнување, но Александар Трајковски промаши пенал во 67. минута откако претходно Баранов играше со рака во својот шеснаесетник.

Се вчитува...