ВИДЕО: Еве како Галевски ја замолкна Битола и донесе бод за Алкалоид

Иван Галевски, голманот на Алкалоид е херој на својот тим на тешкото гостување во Битола. Чуварот на мрежата успеа да ја добие психолошката војна во дуелот со Хосни од Е.Пелистер, а потоа и да му одбрани пенал на Радивојевиќ, за голем бод.

Галевски имаше вербална комуникација со Хосни, а потоа „мртов-ладен“ го сочека изведувачот на пеналот Радивојевиќ, му го одбрани ударот, па следуваше огромна радост. Инаку Алкалоид имаше седум голови негатива во второто полувреме.

Погледнете ги последните решавачки секунди од натпреварот во Битола:

Се вчитува...