ВИДЕО: Евро-гол на Глишиќ и пенал на Алтипармаковски, Вардар води со 2-0 против Брегалница

Вардар има брзо убедливо водство по само 25 минути игра против Брегалница во 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.

На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, „вардарци“ дојдоа до предност со голот од пенал на поранешниот напаѓач на Брегалница, Марјан Алтипармаковски во 21. минута.

Веќе во 25. минута прекрасен гол постигна Глишиќ со шут од 15 метри за водство и од 2-0.

Се вчитува...