ВИДЕО: „Фалангата“ сака прва победа, Македонија ечи во „Феникс Арена“ во Дебрецин

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Околу една илјада Македонци се пристигнати во Дебрецин за да им дадат поддршка на избраниците на Кире Лазаров на дуелот со Црна Гора.

Добрата игра против Словенија, како и фактот дека е викенд – период, придонесе уште поголем број на приврзаници да допатуваат во овој унгарски град, се со цел да се израдуваат на првата победа на европскиот шампионат.

Од трибините уште од пред почетокот на мечот ечат македонски навивачки песни, поддршката нема да изостане во текот на сите 60 минути, а на ракометарите е да го искористат тоа и да стигнат до посакуваниот резултат.

Се вчитува...