ВИДЕО: Фенербахче со емотивна порака – Среќен пат Елмас

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче со видео му се заблагодари на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас за поминатите две сезони во клубот, како потврда на неговата продажба во таборот на Наполи.

Трансферот е вреден 16 милиони евра, плус два милиони евра како бонуси откако големиот талент ќе одигра 50 натпревари во дресот на Наполи. Тој ќе биде вториот Македонец по Горан Пандев што ќе го носи дресот на славниот италијански клуб каде своевремено играше Диего Армандо Марадона.

 

Се вчитува...