ВИДЕО: Феноменален гол на Барсегјан – штета што нема кој да го види!

Вардар води и со 2-0 на дуелот од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига против Силекс на „Филип Втори“, благодарение на евроголот на Барсегјан во 57. минута.

Ерменскиот репрезентативец извонредно стрелаше со шут од околу 20 метри… Вистинска мајсторија, само што штета нема кој, баш, да ја види на нашиот најголем стадион ако се знае дека едвај околу 400 навивачи има на „Филип Втори“…

Се вчитува...