ВИДЕО: Феноменалниот лоб на Радовиќ недоволен за победа на Борец

По победата во првото коло против Вардар, екипата на Борец во последните мигови од дуелот против Ренова во 2. коло од ПМФЛ испушти нов триумф.

Велешани мораа да се задоволат со 1-1 против „гипсарите“ по автоголот на Стоименовски во 89. минута од натпреварот.

Претходно, Борец до водство дојде со феноменалниот гол со лоб на Никола Радовиќ во 40. минута. Но, сето тоа недоволно на крајот за три бода.

Се вчитува...