ВИДЕО: Гатје го шокираше светот – Му го смена личниот опис на Топурија во најголемата УФЦ борба!

Џастин Гатје го шокираше целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која се одржа на историскиот настан УФЦ 250 пред Белата куќа, Американецот го прекина владеењето на непоразениот Илија Топурија и славеше со прекин по четвртата рунда.

Историскиот настан одржан пред Белата куќа во Вашингтон донесе навистина спектакуларни борби. Седум натпревари и два нови шампиони.

Во главната борба на вечерта, Џастин Гатј го шокираше светот. Во брутална борба, една од најдобрите во УФЦ, тој победи со прекин по четвртата рунда против досега непоразениот Илија Топурија.

Од првата секунда започна војната во октагонот. Гатје ги издржа жестоките удари на шампионот, остана на нозе, а потоа стартуваше неговата „мелница“.

Американскиот борец сега има резултат 28-5 и ќе видиме дали 37-годишникот со шампионски појас решил да се збогува од ММА спортот.

Во борбата за ко-титула на вечерта, Сирил Гане го победи Алекс Переира со прекин во втората рунда и ја освои привремената титула шампион во тешка категорија.

Се вчитува...