Видео: Го имаме кошот на сезоната во АБА-лигата

Цедевита рутински славеше на дуелот против Борац Чачак со резултат 97-88, а најубав момент на мечот беше неверојатниот шут на Дан Душчак, со звукот на сирената на крајот од третата четвртина.

Словенечкиот тим изведе топка од под својот кош, а младиот плејмејкер само ја фрли кон противничкиот кош, при што и самиот беше изненаден кога таа заврши низ обрачот.

Се вчитува...