Видео: Ѓоковиќ е феномен, освои гејм за 44 секунди, противникот не го ни допре топчето

Новак Ѓоковиќ продолжува да доминира на тениските терени како ретко кој досега во историјата на овој спорт. Србинот го загуби првиот сет на премиерниот меч на Вимблдон против Џек Дрејпер, но потоа целосно ја презеде контролата над мечот.

Тој во целиот трет сет не загуби ниту еден единствен поен на свој сервис, а особено импресивно делуваше последниот гејм, што Ѓоковиќ го доби за само 44 секунди, не дозволувајќи му на противникот ниту да го допре топчето.

Четири сервиси, четири ас-удари, за потврда на тениската генијалност на Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...