Работнички славеше со 3-1 против Победа на „Филип Втори“ во 12. коло од ПМФЛ во меч кој дефинитивно го одбележа евро-голот на Петар Петковски.
Петковски во 88. минута испрати вистински проектил директно од слободен удар за водство од 3-0 во тие моменти… Гол кој дефинитивно ретко се гледа, иако мора да се признае дека помогна и гостинскиот голман Дарко Тофилоски со лошата проценка…
Претходно, Работнички го отвори резултатот со голот на Николче Шаркоски во 50. минута…
А, на 2-0 зголеми Чинеду Гофри во 80. минута…
Гостите единствено преку Набуезе во 89. минута успеаја да постигнат почесен погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА