ВИДЕО: Гол кој ретко се гледа – Вјештица по истекот на времето го прекина „проклетството“ на Радовиш!

Радовиш има десет порази во низа од Тинекс Пролет во македонскиот шампионат. Но, очигледно еден ден доаѓа и крај на таа низа…

Во 3. коло од Суперлигата сезонава, Радовиш токму денеска успеа да извлече реми (27-27) со Тинекс Пролет на домашен терен, и тоа на помалку неверојатен начин, со гол по истекот на времето на Вјештица за преки на „проклетството“ против скопјани.

Гостите во последните две минути имаа предност и од 25-27. Но, Радовиш успеа да дојде до бодот и тоа со голот на Вјештица по истекот на времето, и со ударот од прекин од девет метри изненадувајќи го гостинскиот голман. Сето тоа за огромна еуфорија во Радовиш. Токму Вјештица, заедно со Постолов кој постигна 11 гола, беше еден од најдобрите на натпреварот со 9 постигнати гола.

Се вчитува...