ВИДЕО: „Гол-машината“ Дембо Дарбое извлече победа за чаирчани

Шкупи потешко од очекувањата дојде до посакуваната победа на гостувањето против Беласица во Струмица, и тоа благодарение само на својата гол-машина, Гамбиецот Дембо Дарбое кој беше стрелец на двата погодоци за чаирчани.

Во третиот натпревар сезонава Дарбое стигна и до петтиот гол за Шкупи, издвојувајќи се убедливо на листата на најдобрите стрелци. Овој пат, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица двата гола ги постигна во судиското продолжение.

Најпрво стрелаше од пенал во 91. минута, откако претходно ударот од белата точка Шкупи го доби благодарение на шутот токму на Дарбое по кој ја погоди гредата од голот на Беласица.

Вториот гол следеше во 93. минита по една убаво организирана полуконтра на гостите, откако Беласица не реализираше 100% шанса преку Пановски.

Се вчитува...